Submitted by cio on
На 3.09.2014 година во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје средба остварија ректорот проф. д-р Велимир Стојковски и ново назначениот амбасадор на НР Кина во Република Македонија Н.Е. Вен Џеншун.
Ректорот му посака добредојде на амбасадорот, успешен престој и работа во Македонија.
На состанокот се разговараше за соработката на УКИМ со амбасадата, особено за Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кој е основан во соработка со Централата на Институтите „Конфуциј“(Ханбан) и партнер универзитетот Југозападен универзитет за финансии и економија од Ченгду. Датумот на средбата се совпадна со годишнината од основањето на Институтот и се заклучи дека Институтот успешно работи веќе една година благодарени на поддршката на ректорот и УКИМ, амбасадата, Ханбан и владите на двете земји. Се истакна дека досегашната поддршка и соработка ќе продолжи со цел понатамошен развој на Институтот.
Бидејќи УКИМ има богато искуство во реализирањето на важни проекти со реномирани универзитети од светот, се разменуваа идеи за тоа какви проекти може во иднина да се реализираат со универзитети од Кина за да се продлабочи соработката помеѓу двете земји во сферата на високото образование.
Двете страни го изразија своето задоволство од оваа прва средба и желбата за понатамошна соработка.
Амбасадорот-Вен-(четврти-од-десно)-се-сретна-со-професорите-и-курсистите-на-Институтот-„Конфуциј“
Амбасадорот-Вен-(втор-од-лево)-во-разговор-со-професорите-и-курсистите
Кинескиот-амбасадор,-Н.Е.-Вен-Џеншун-оствари-средба-со-ректорот-проф.-д-р-Велимир-Стојковски-
Амбасадорот-Вен-Џеншун,-професорите-и-курсистите-заеднички-ја-одбележаа-првата-годишнина-од-основањето-на-Институтот-„Конфуциј“