You are here

Во основното училиште „Св Кирил и Методиј” во Скопје и официјално започна првиот час по кинески јазик

На 19ти ноември 2014 година Институтот Конфуциј при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”  во Скопје официјално ја започна наставата по кинески јазик во основното училиште „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и беше одржан и првиот час. На отварањето на церемонијата беа присутни повеќе од 40 вработени професори и ученици. Првата паралелка во основното училиште „Св. Кирил и Методиј” во Скопје што ќе изучува кинески јазик по долга дискусија дефинитивно заслужи да добие и реализација на наставата. Целта на оваа реализација е на децата од Македонија да им се поттикне интересот за изучување на кинескиот јазик и култура и да им се продлабочи познавањето на земјата. Наставата ќе ја изведува Шју Жуи, волонтер наставник од Институтот „Конфуциј” при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Во првата недела се запишаа повеќе од 30 ученици што сакаат да следат настава.

Прв-разигран-час-по-кинески-јазик

Деканот на Институтот „Конфуциј” , професор Денг Ши Џонг  рече дека најдобро време за изучување на јазик  е примарна фаза на учење, уште во основното училиште, настава после редовната настава, бидејќи учениците на оваа возраст брзо апсорбираат, точно го изучуваат јазикот, а во пракса цврсто ќе го зајакнат говорењето на јазикот и пишувањето на кинеските знаци. Со поставување на оваа цврста основа, на овој начин ќе се обучат одлични и талентирани Македонци говорители на кинески јазик.

 

(By Sanja)