You are here

Промоција на книга на Игор Радев Антологија на класичната кинеска поезија

Во вторник на 10.02.2015 во просториите на Градската Библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје беше одржана промоција на книгата „Антологија на класичната кинеска поезија“, во избор и препев од класичен кинески на Игор Радев, а издадена од страна на издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје. Промоцијата се одржа во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Градската Библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, како и издавачкото друштво „Макавеј“.

Обраќање-на-кинескиот-директор-на-Институтот-„Конфуциј“-при-Универзитетот-„Св.-Кирил-и-Методиј“од-Скопје-проф.-д-р-Денг-Шиџонг

После поздравното слово на д-р Владимир Цветкоски, уредник на издавачката куќа „Макавеј“, настанот со свое обраќање го почести д-р Денг Шиџонг, кинескиот директор на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којшто во своето обраќање кон публиката ги истакна особеностите на класичната поезија низ текот на нејзината долга историја, а исто така се задржа и врз основите на кинеската преведувачка теорија во контекст на делото што беше промовирано.

Исто така, збор зеде и д-р Џанг Мин, професор по кинески јазик при Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којашто го истакна проблемот на меѓу-културна комуникација при преведувањето на класичната кинеска поезија на македонски, како и значењето на начелата на избор, врз основа на коишто се составува една поетска антологија.

На крај се обрати и авторот на преведот Игор Радев, кој при своето обраќање на публиката се обиде да ѝ го објасни значењето на поезијата во класичната кинеска култура, за потем да ги изложи и особеностите на класичниот кинески јазик, за на крај да се задржи и врз проблемите што ги задава поетскиот превод од класичен кинески јазик.

Во текот на Промоцијата беа читани одбрани песни од „Антологијата на класичната кинеска поезија“ во вдахновена актерска интерпретација на г-дин Томе Витанов.

Преведувачот-Игор-Радев-со-дел-присутните-гости-и-учесници-на--промоцијата

Промоцијата беше посетена од мноштво љубители на литературата, кои со својот интерес за класичната кинеска поезија го потврдија продлабочувањето на културните врски помеѓу Македонија и Кина што е една од основните цели на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

(By Sanja Dimovska)