Submitted by cio on
Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и издавачката куќа „Слово“, на 28.11.2014 г. во просториите на Младинскиот културен центар, ја организираа промоцијата на македонскиот превод на романот „Промена“ од Мо Јан, труд на младиот синолог и професор-волонтер во Институтот, м-р Сара Цветановска. На промоцијата присуствуваа истакнати автори, преведувачи, претставници од Министерството за култура и од Институтот „Конфуциј“, заедно со шеесетина љубители на пишаниот збор.
Преведувачот на „Промена“ од Мо Јан, Сара Цветановска (втора од десно)
Промоцијата ја водеше г-дин Димитар Башевски, директор на издаваштвото „Слово“. Потоа присутните го слушнаа излагањето на директорот на Институтот „Конфуциј“ проф. Денг Шиџонг, кој го толкуваше романот од три аспекти: содржината, духот и уметноста на пишувањето во овој роман. Тој истакна дека со издавањето на македонскиот превод на романот „Промена“ на Мо Јан се остварува уште една важна книжевна и културна врска меѓу двете култури. Преку прочитот на оваа книга, македонскиот народ може одблизу да се запознае со кинеското општество, со кинескиот филозофски концепт „Сиромаштијата тера на промена, промената тера на пробив, пробивот тера на далеку“, како и со магијата на кинеската книжеевна нарација. Издавањето на македонскиот превод на романот „Промена“ од Мо Јан е остварување кое вреди да се изтакне.
Уловен момент од промоцијата
Понатаму, професорката на Институтот „Конфуциј“ др. Џанг Мин на македонската публика ги претстави останатите дела на авторот и неговата биографија, како и промените во односот на кинеската публика кон творбите на Мо Јан по добивањето на Нобеловата награда. Понатаму, преведувачот на делото м-р Сара Цветановска изрази надеж дека преку ова дело македонските читатели ќе имаат можност да направат уште еден чекор во запознавањето на кинеската книжевност. На промоцијата, делови од романот интерпретираше актерот Круме Стефановски.
Кинеската верзија на поканата за промоцијата на македонскиот превод на „Промена“ од Мо јан
На промоцијата се распродадоа многу примероци од книгата, а голем број од присутните пројавија желба да го изучуваат кинескиот јазик во институтот. На промоцијата присуствуваа голем број медиуми.